Кина ги зголеми царините за Америка на 125 отсто
Кина денеска (11 април)објави дека ќе ги зголеми царините за американските стоки од 84% на 125% што е последниот потег во ескалацијата на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот, која ги потресе пазарите и предизвика стравувања од глобално забавување.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела ги паузираше увозните даноциза другите земји, тој ги зголеми царините за Кина и тие сега вкупно изнесуваат 145%.
Кина ја осуди политиката како „економско малтретирање“ и вети контрамерки.