Израел и Египет размениле нацрт-предлози за постигнување договор за заложниците
Израел и Египет размениле нацрт-документи за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците, пренесе Тајмс од Израел.
Предлозите имаат за цел да го премостат египетскиот компромисен предлог и предлогот на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф за договор, се вели во извештајот.
Високи израелски функционери изјавиле за радиото дека е можно наскоро да се постигне договор.
Египетскиот предлог, објавен претходно оваа недела, предвидува ослободување на осум живи заложници и осум тела...