ОЈО Скопје отвори истрага за измами со брзи кредити
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага против 43 лица за измами поврзани со брзи кредити. Осомничените се товарат дека на име на други граѓани подигале кредити во различни кредитни друштва. Со измамите, според обвинителството, успеале незаконски да прибават над три милиони денари (околу 50 илјади евра).
Четворица од осомничените, меѓу кои и еден вработен во Фондот за здравствено осигурување се гонат за неколку кривични дела: компјутерски измами, фалсификување исправи и злоупотреба на лични податоци.