Извештај на ЕП за Турција: Во сегашните околности невозможно е продолжување на евроинтегративниот процес
Турција бележи континуирано влошување на демократските стандарди, за што показател е и политички мотивираното отстранување на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу од функцијата, поради што процесот на пристапување на земјата во Европската Унија мора да остане замрзнат, се наведува во Извештајот на Европскиот парламент за Турција.
Во документот кој беше усвоен денеска (9 април) од страна на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) со 48 гласа „за“, 3 „против“ и 23 „воздржани“, европратениците...