Вучиќ за посетата на повредените од Кочани: Никој не ме пушти, сам влегов
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека самиот влегол во Клиничкиот центар на Србија за да ги посети повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.
Изјавата на Вучиќ доаѓа откако студентите во блокада во Србија поставија и шесто барање, а тоа е да се утврди кој е одговорен за посетата и престојот на новинарските екипи во Клиничкиот центар во кој беа сместени повредени од пожарот во Кочани.
„Никој не сакаше да ме пушти, тоа беше моја волја. Не мора да бркаат никого, влегов сам.