Лажни дојави за бомби во две училишта во Скопје
Во две училишта во Скопје денеска (8 април) биле добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка од полицијата, утврдено е дека се работи за лажни дојави.
„На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, информираат од Министерството за внатрешни работи....