Состанок на министри за трговија на ЕУ во Луксембург
Во Луксембург се одржува состанок на министрите за трговија на земјите-членки на Европската Унија, на кој се разговара за трговските односи со САД и Кина. Првично планиран за средината на мај, состанокот беше поместен поради тековните геополитички и економски околности.
Иако не се очекува да се дискутираат деталите околу евентуалниот европски одговор на американските царини, од Советот на ЕУ нагласуваат дека целта на состанокот е да се анализира актуелната состојба и да се испрати порака на единство ...