Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, пожарот во Кочани ја зеде 61-та жртва
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61-та жртва. Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што посочи министерот, 29-годишниот Александар Гавриловски бил упатен од Градска болница на 17 март во тешка состојба, додека од 4-ти април неговата состојба почнала да се влошува.
„Жална вест, сакам да информирам дека денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто се лекуваше во Литванија...