ОЈО: Сопружници од Белгија фатени со златен накит вреден половина милион евра на скопскиот аеродром
Маж и жена од Антверпен, Белгија, вчера пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот во Скопје, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра, соопшти денеска Јавното обвинителство.
Основното јавно обвинителство - Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – криумчарење...