ООН: Сè поголем ризик од злосторства против човештвото во Појасот Газа
Високиот комесар на ООН за човекови права Волкер Турк предупреди дека постои сè поголем ризик од злосторства против човештвото во Појасот Газа, поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Палестинците.
На итен состанок на Советот за човекови права во Женева, Турк изјави дека „краткотрајното олеснување што го донесе примирјето е уништено, а Палестинците повторно се изложени на жестоки напади“.
Според податоците на Министерството за здравство во Газа, од 1 март израелските воени операции усмртиле повеќе од 1200 Палестинци...