Олово и цијанид во Тораничка и Крива Река - кој ќе одговара?
Градоначалникот на Крива Паланка објави и анализа на ИЈЗ дека во водите на Крива Река има тешки метали, откако претходно објави независна анализа која покажа дека високи концентрации на олово и цијанид се излеале во Тораничка и Крива Река. Обвинителството води предистрага, додека од рудникот Тораница тврдат дека загадувањето не потекнува од нив, но почнале спогодбена постапка со Министерството за животна средина.