Еден пациент од повредените во Кочани се враќа дома, странски тимови за рехабилитација пристигнаа во земјава
Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска (3 април)се враќа во државава, по што согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор.
Во државава се пристигнати и странски тимови за рехабилитација на пациентите.
„Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.