Трамп воведува основна царина од 10 отсто за целиот увоз во САД, за Северна Македонија 33 отсто
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека ќе воведе основна царина од 10 отсто за целиот увоз во САД и повисоки царини за некои од најголемите трговски партнери на земјата, проширувајќи ја на тој начин трговската војна што започна по враќањето на Белата куќа.
Огромните царини ќе покренат нови бариери во најголемата светска економија, поништувајќи ја децениската либерализација на трговијата што го обликуваше глобалниот поредок. Од другите земји се очекува да одговорат со контрамерки...