Израел ги проширува копнените операции во Газа „за да го уништи“ Хамас
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац најави големо проширување на операциите на војската во Појасот Газа, чија цел е да се „разбие и исчисти областа од терористи и терористичка инфраструктура“.
Министерот во средата рече дека операцијата „ќе заземе големи области кои ќе бидат додадени во израелските безбедносни зони“, без да даде дополнителни детали. Војската распореди дополнителна единица за проширување на операциите во јужниот дел на Газа, според извештаите на медиумите. Кац ги повика жителите...