Македонска и турска компанија потпишаа договор за отворање на фабрика за барут
Македонската компанија АТС Груп, единствена во одбранбената индустрија, денеска потпиша меморандум за соработка со МКЕ - најголемата државна одбранбена компанија во Турција. Како што беше истакнато, клучен дел од договорот е планот за отворање нова фабрика за производство на барут во Северна Македонија.
Договорот го официјализираа генералниот директор на МКЕ, Илхами Келеш, и извршниот директор и сопственик на АТС Груп, Шефшет Демировски, кои рекоа дека договорот ќе даде резултат во насока на заеднички...