Курти ветува над милијарда евра за Косовските безбедносни сили
Косовскиот премиер Албин Курти најави дека доколку биде реизбран за шеф на Владата, од буџетот за Косовските безбедносни сили ќе бидат издвоени повеќе од една милијарда евра.
Курти на владина седница, на која зборуваше за досегашните постигнувања од неговиот четиригодишен мандат, оцени дека се постигнати „вонредни резултати“.
„Воениот буџет се зголеми тројно, обуката во странство се зголеми за четири пати, инвестициите во оружје се зголемија повеќекратно, вклучително и борбени беспилотни летала Бајрактар...