Владата ќе ја запре постапката за разрешување на државниот обвинител Коцевски
Владата ќе ја прекине постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски и доколку добие мислење од страна на Советот на Јавни обвинители, нема да го прати до Собрание, изјави портпаролката Марија Митева.
„Она на што се однесуваше дека како Влада ќе ја прекине постапката се однесува на делот што Владата потоа по добиеното мислење треба да го испрати таквото мислење до Собранието. Да појаснам дека Владата и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката...