Пратеници го повикаа Трамп да ја повлече наредбата за намалување на финансирањето на РСЕ и други медиуми
Десетици американски пратеници на 25 март го повикаа претседателот на САД, Доналд Трамп да ја повлече својата извршна наредба за намалување на американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ), тврдејќи дека потегот ќе има штетно влијание врз нејзините радиодифузери, вклучително и на Радио Слободна Европа(РСЕ) и ќе им биде корисна само на американските противници како Русија, Кина, Иран и Северна Кореја.
Во писмото до Трамп потпишано од повеќе од 40 членови на Конгресот се наведува дека затворањето на УСАГМ...