Путин му нуди „практична соработка“ на лидерот на Сирија за стабилизирање на состојбата во земјата
Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до лидерот на Сирија, Ахмед ал Шара, со поддршка на напорите за стабилизирање на земјата, потврдувајќи ја подготвеноста на Москва за „практична соработка“ со Сирија за ова прашање, соопшти Кремљ.
„Рускиот претседател Владимир Путин испрати порака до шефот на сириската држава Ахмед ал Шара, во која ги поддржа напорите за што поскоро стабилизирање на ситуацијата во земјата во интерес на обезбедување на нејзиниот суверенитет, независност, единство и територијален интегритет“...