Распишана централна потерница по Додик, Вишковиќ и Стевандиќ
Судот на Босна и Херцеговина издаде централна потерница за Милорад Додик, претседателот на на ентитетот на Република Српска (РС), Радован Вишковиќ, премиер на РС и Ненад Стевандиќ, претседател на Собранието на РС, потврди денеска (17 март) за Радио Слободна Европа (РСЕ), Обвинителството на БиХ.
Судот на БиХ им одреди мерка притвор во траење од еден месец, откако ќе бидат доведени на сослушување, беше потврдено од Судот на БиХ за РСЕ на 14 март.
Додик, Вишковиќ и Стевандиќ се осомничени за кривичното дело нарушување на уставниот поредок...