Притвор и за Асмир Јахоски, Кривичен суд ја преиначи одлуката
Асмир Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“ оди во во 30-дневен притвор и веќе е спроведен во Истражниот затвор во врска со истрагата во која 13 лица се осомничени за набавка на мазут со сомнителен квалитет и за перење пари.
Ваква одлука донесе Кривичниот суд на 14 март, откако Јавното обвинителство се жалеше на домашниот притвор што првично му беше одреден на Јахоски.
„Мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор...