Гласањето за општите избори во Ирска започнува денеска (29 ноември) во 7 часот по локално време, а гласачките места ќе бидат отворени до 22 часот, јави ирската национална телевизија РТЕ.
Повеќе од 3,6 милиони луѓе имаат право да гласаат во 43 изборни единици за Долниот дом на ирскиот Парламент, што има 174 места. На овие избори учествуваат над 680 кандидати.
Најверојатниот исход од изборите е враќање на власт на централно-десничарската влада на партиите Фајн Гаел и Фиана Фајл, но трката е се поизедначена и Шин Феин...