Блинкен порача дека никој не сака враќање на конфликтите на Балканот
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека никој не сака враќање на конфликтите во регионот на Западен Балкан.
„Кога ја презедов функцијата пред три години, центарот на нашата грижа беше Балканот: Босна и Косово. Едно нешто што не ни треба е враќање на конфликтот на Балканот“, рече Блинкен во Брисел, каде што учествуваше на состанок на министрите за надворешни работи на земјите на НАТО.
Тој нагласи дека Алијансата има клучна улога во помагањето на земјите во регионот да напредуваат...