Притвор од 30 дена за осомничениот за убиство на жена со над 40 убоди од нож
Основниот суд во Кочани му одредни мерка притвор на осомничениот за свирепото убиство на 46 годишна жена. Јавното обвинителство во Кочани отвори истрага за убиство против 59 годишниот осомничен за кој се верува дека над 40 пати ја прободел со нож жртвата.
„Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите...