Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година
Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8.8 % и изнесува 3 656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица, пак, во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 29.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 233 лицa, а од нив пет се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен - 1 577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.