Истражување: Над 13 отсто од тинејџерите во државата користат тутунски производ
Вкупно 13,6 отсто од учениците од седмо до деветто одделение, најчесто од 13 до 15 години, користат некој тутунски производ - покажуваат резултатите од истражување спроведено во 75 училишта во државата. Иако податоците се однесуваат на 2024 година, тие беа објавени денеска (27 февруари) на прес-конференција во Министерството за здравство.
„Вкупно 12,3 проценти моментно користат тутун. Вкупно 5,3 проценти моментно пушат цигари. Вкупно 4,9 проценти од учениците моментно користат тутунски производи...