Трамп го покани Косово да биде дел од Комитетот за мир во Газа
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека добила лична покана од американскиот претседател Доналд Трамп да ја претставува земјата во Комитетот за мир, „како член-основач“.
Се очекува комитетот да го надгледува управувањето со Појасот Газа откако САД посредуваа во постигнувањето договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, палестинска група која Вашингтон и Европската Унија ја сметаат за терористичка организација.
„Храброто раководство не само што зборува за мир, туку го гради. Токму...